Земјотрес вечерва северозападно од Скопје
09/02/2026 1:59
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, одржувана од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, вечерва во 23 часот и 9 минути регистрираше земјотрес со епицентар на територијата на Косово.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 46 километри северозападно од Скопје. Според првичните податоци, потресот бил со локална магнитуда од ML 3.0 степени според Рихтеровата скала.
Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во Тетово и неговата околина, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

