MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес од 3,7 степени регистриран во Албанија, почувствуван во Битола и Охрид

05/02/2026 9:55

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер во 23 часот и 10 минути регистрирала земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија.

Според податоците од опсерваторијата, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 150 километри југозападно од Скопје, а регистрираната локална магнитуда изнесува M<sub>L</sub> 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и нивната околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека продолжуваат со следење на сеизмичката активност во регионот и апелираат граѓаните да ги следат официјалните информации од надлежните институции.

error: Содржината е заштитена од копирање !!