МАСК ЌЕ ПЛАЌА ПОГОЛЕМ ДАНОК: Сенатот едвај го изгласа законот на Трамп за зголемување на даноците
01/07/2025 19:25
Американскиот Сенат со тесно мнозинство го усвои законот за даноци и буџет предложен од Трамп, а ќе удри по џебот на неговиот соработник Елон Маск.
По повеќе од едно деноноќие интензивни преговори, американскиот Сенат со изедначен резултат од 50 спрема 50 гласови го усвои предлог-законот за даноци и државна потрошувачка предложен од претседателот Доналд Трамп. Одлучувачкиот, пресуден глас го даде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој лично присуствуваше на седницата.
Законот предвидува зголемување на јавниот долг за дополнителни 3,3 билиони долари и вклучува неколку од главните приоритети на администрацијата на Трамп, меѓу кои:
-
кратење на средствата за спроведување на федерални судски одлуки,
-
построги мерки поврзани со имиграцијата,
-
проширување на извршните овластувања на претседателската власт.
Предлогот сега се враќа на разгледување и конечно гласање во Претставничкиот дом.
Во меѓувреме, бизнисменот Илон Маск отвори анкета на платформата X, прашувајќи јавноста дали треба да се дозволи укинување на финансирањето за спроведување на судски пресуди како дел од буџетскиот закон. Иако мерката е официјално насочена кон справување со нелегалната имиграција, Маск предупреди дека може да доведе до потенцијални злоупотреби на извршната власт.
Истовремено, Маск откри дека веројатноста да основа нова политичка „Американска партија“ до 2025 година се зголемила на 41%.
И покрај тоа што сите демократски сенатори гласаа против предлогот, тројца републиканци – Том Тилис, Ренд Пол и Сузан Колинс – се приклучија на опозицијата, што доведе до изедначен резултат.





