БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН ВРАБОТЕН ВО СКОПСКИ ВОДОВОД СО ШИПКИ И ПАЛКИ
04/07/2025 16:14
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело Насилство по член 386 став 3 од Кривичниот законик, откако на 2 јуни жестоко нападнале вработен во пункт на ЈП „Водовод и канализација“ во Шуто Оризари.
Според истрагата, нападот се случил во момент кога оштетениот паркирал службено возило пред објектот. Осомничените му пристапиле од зад грб и без никаков повод започнале да го удираат со дрвени и метални палки, како и со клоци и боксови. На вработениот му биле нанесени тешки телесни повреди, вклучувајќи и фрактури на неколку коски.
Инцидентот се случил пред повеќе очевидци и предизвикал сериозна вознемиреност и страв кај присутните граѓани.
Еден од напаѓачите, 29-годишен маж, е веќе приведен, а обвинителството побара мерка притвор, со образложение дека постои ризик од бегство, повторување на делото и можност за влијание врз сведоците.
Другите двајца напаѓачи, на возраст од 38 и 40 години и со потекло од Сингелиќ, се во бегство, а по нив се распишани насоки за пронаоѓање и приведување.




![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

