MKinformer

your daily dose of news

Во Чаир, на Пластичарска нападната Градоначалничката на Град Скопје на увид на дивоградба

11/07/2025 14:59

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработени во Градот и советник од Советот на Град Скопје денеска беа физички нападнати при увид на дивоградба во Чаир.

Дивоградбата се наоѓа во близина на полициската станица Бит пазар, на Пластичарска улица, а на терен заедно со градоначалничката биле советник од Советот на Град Скопје Ирена Витина, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров, раководител на сектор и службени лица од секторот за урбанизам, како и инспектори од Град Скопје.

Како што се дознава нападот се случил пред очите на полициски службеници, а на тоа претходеле и вербални закани по живот, закани за силување, семејствата и децата на работниците во урбанизам на Град Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!