MKinformer

your daily dose of news

Функционер на ДУИ осомничен за намерно предизвикување на пожари во Скопје, при претрес му нашле запаливи материјали

11/07/2025 18:03

Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во подрачјето на Скопје.

Како што дознава „Фокус“, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Оризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес. Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одмезен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.

Полициски извори ги информирале Фокус дека, меѓу останатото, се испитуваат сомнежите дека тој е поврзан и со пожарот во отпадот во Визбегово, бидејќи поседува имот веднаш до опожарената парцела.

Според пишувањето на Фокус, станува збор за функционер на „интегративците“ на локално ниво со иницијали И.Л., чиј, брат, пак, е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, под капа на Град Скопје на чело со Данела Арсовска.

Во врска со ова, од Фокус во објавата информираат дека се обратиле и официјално до МВР, но од таму досега не добиле одговор на прашањето дали се откриени и други докази кои го доведуваат споменатото лице во релација со пожарите во главниот град.

error: Содржината е заштитена од копирање !!