ПОПЛАДНЕВО ПРЕГАЗЕНА ДЕВОЈКА НА ТРОТОАР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
11/07/2025 22:55
Во попладневните часови, 25-годишна девојка која се движела по тротоар била прегазена од автомобил што се движел со висока брзина во скопската населба „Даме Груев“ (Геге), општина Ѓорче Петров. Повредената веднаш била пренесена во болница со возило на Итната медицинска помош.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија несреќата.
„На 11.07.2025 во 18:12 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Геге се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило со скопски регистарски таблички, управувано од З.А. (49) од Скопје и пешакот С.Ј. (25), која е пренесена во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ за лекарска помош. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава,“ информираа од МВР.





![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)
