MKinformer

your daily dose of news

БАРДИ ОСТАНУВА ВО ТУРЦИЈА: Еве за кој клуб ќе потпише капитенот на македонската репрезентација

12/07/2025 9:35

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, останува во Турција и, според турските медиуми, ќе се пресели во редовите на Коњаспор. Договорот, наводно, веќе е постигнат, а Барди како слободен агент ќе потпише со новиот клуб.

Неговата годишна плата се проценува на 600.000 до 700.000 евра, а со бонусот за потпис вкупните примања би можеле да достигнат до еден милион евра.

Се очекува Барди да пристигне во Коња во петок, кога официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Коњаспор.

Овој клуб покажа интерес за Барди и во зимскиот преоден рок, но тогаш тој се пресели во Бодрумспор.

error: Содржината е заштитена од копирање !!