MKinformer

your daily dose of news

Го убил офицерот на АРМ затоа што ќерка му не сакала да се омажи за него

12/07/2025 19:38

Офицерот на АРМ кој вчера беше убиен на влезот во селото Батинци примил куршуми од човек кој сакал насила да ја ожени ќерка му, иако таа не сакала да се омажи за него.

Според пријавата во МВР, девојката раскажала дека убиецот и се заканувал претходниот ден бидејќи не сакала да се омажи за него, а кобниот ден таа одбила и да комуницира со него поради тоа.

На 11.07.2025 околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на с.Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од с.Батинци. А.М. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите.

Според пријавеното од страна на Е.М. (20), ќерка на А.М., тие околу 08.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. и се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него.

Потоа, А.М. и Џ.М. со возило се упатиле кон домот во с. Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во информацијата од МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!