МВР СО ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО ВО БАТИНЦИ
12/07/2025 16:31
Вчера беше објавена информација за вооружен инцидент во скопското село Батинци, при што беше пријавено дека жртвата е припадник на Армијата на Република Македонија. Денешниот полициски билтен открива повеќе детали за настанот.
Според пријавата, на 11 јули 2025 година, околу 10:15 часот, на влезот од село Батинци, лице со иницијали Џ.М. пукал кон А.М. (50) од истото село. Повредениот бил итно пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но околу 11 часот им подлегнал на повредите.
Ќерката на жртвата, Е.М. (20), изјавила дека тој ден околу 08:30 часот тие биле на Клиниката за неврологија во Скопје, кога Џ.М. се обидел телефонски да стапи во контакт со неа. Таа го одбила повикот бидејќи претходно тој ѝ се заканувал поради нејзиното одбивање да се омажи за него.
Потоа, нејзиниот татко и Џ.М. се враќале со возило кон нивниот дом во Батинци. На самиот влез од селото, нивниот пат бил блокиран од друго возило, од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.
Полицијата продолжува со преземање на мерки за целосно расчистување на случајот.





