MKinformer

your daily dose of news

Под влијание на афричкиот бран: Сушно и топло време до крајот на неделата

14/07/2025 9:26

И во текот на оваа недела продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време во земјава, соопштуваат метеоролозите. Во текот на деновите, од денес до петок, државата повторно ќе биде под влијание на топол бран од југ, односно од Африка, но со поумерен интензитет за разлика од претходниот, кој донесе температури над 40 степени.

Времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен северен ветер, особено во Скопскиот регион.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 31 до 38 степени, а во Скопје и околината се очекува температурата да достигне до околу 37-38 степени. УВ индексот ќе биде висок до многу висок и ќе изнесува 9.

Според најавите, нема на повидок поголем влажен бран кој би го прекинал сушниот период што ја зафати земјава. Како исклучок се издвојуваат вторник и петок, кога во попладневните часови, особено во планинските предели, ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.

И натаму останува на сила препораката за внимателно изложување на сонце, особено во периодите кога УВ индексот е највисок.

error: Содржината е заштитена од копирање !!