Бугарски екстремисти му се заканувале на Томас Вајц
15/07/2025 9:26
Специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц пред и по гласањето на Извештајот за напредокот на Македонија, добивал смртни закани од бугарски екстремисти, откри Вајц во интервју за Канал 5.
Тој вели дека неговиот приватен телефонски број бил споделуван во екстремно десничарски групи на Телеграм.
„Добив смртни закани и секакви закани, а ова продолжува и по гласањето. За жал, ова тотално ескалираше во Бугарија“, – вели Вајц, посочувајќи дека цело време се води кампања за негово оцрнување.



