MKinformer

your daily dose of news

Томас Вајц: Напредокот на Македонската евроинтеграција е блокиран поради прашања поврзани со идентитетот

21/10/2025 10:57

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, оцени дека земјата бележи одреден напредок во реформските процеси, но дека сè уште недостига вистински пробив за продолжување на европскиот пат.

Според Вајц, Владата во Скопје постепено ги реализира агендите поврзани со малцинствата, безбедноста и инфраструктурните проекти, но главната пречка за понатамошен напредок и натаму останува бугарското вето.

„Македонија сè уште е блокирана од Бугарија. За жал, прашањата поврзани со идентитетот го спречуваат нејзиниот напредок,“ изјави Вајц за Европската новинска редакција (ЕНР), дел од која е и МИА.


Уставни измени и очекувања за отворање на преговорите

Вајц изрази надеж дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени со кои бугарската заедница ќе се вклучи во Уставот.

„Тоа ќе го отвори патот за вистинско започнување на преговорите. Земјата е во пристапен процес, но реално преговорите сè уште не се почнати,“ нагласи Вајц, додавајќи дека Европската Унија треба да ја одржи Македонија на вистинскиот пат.


Поглед кон регионот

Во однос на другите земји од Западен Балкан, Вајц посочи дека:

  • Црна Гора има најголеми шанси да стане 28. членка на ЕУ до 2029 година,

  • Албанија бележи стабилен напредок, особено во борбата против корупцијата и владеењето на правото,

  • Босна и Херцеговина се соочува со „недостиг на модерна граѓанска држава“,

  • Србија и Косово мора да се помират и меѓусебно да се признаат доколку сакаат да продолжат кон членство во ЕУ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!