MKinformer

your daily dose of news

ПРЕТЕПАН ПОЛИЦАЕЦ: Се обидел да го легитимира на Средно Водно

19/07/2025 18:31

Ноќеска, околу 02:10 часот по полноќ на Средно Водно во Скопје, на паркинг простор, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција пристапиле кон легитимирање на едно машко лице. За време на интервенцијата, лицето започнало со вербални навреди и пцовки, а во еден момент физички го нападнало еден од полицајците, удирајќи го со двете раце во пределот на градниот кош.

Поради болки, полицискиот службеник бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош.

Случајот е пријавен и се преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!