MKinformer

your daily dose of news

Пожарот во Желино под контрола, откриена причината за пожарот

19/07/2025 19:09

Градоначалникот на општина Желино, Беким Сејдиу во ијава за медиумите кажа дека пожарникарите пронашле запалени автомобилски гуми со кои бил запален пожарот.

Пламените јазици зафатија десетина хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.

„Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола.

Благодарност до сите ангажирани служби за професионалноста и брзата реакција!

Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање.„ Информираше директорот на ЦУК Мухамед Али

error: Содржината е заштитена од копирање !!