MKinformer

your daily dose of news

Австрија: Уапсен 18-годишник со македонско потекло, под сомнение за планирање терористички напад

23/07/2025 19:45

Австриската полиција уапси 18-годишно момче со потекло од Македонија во градот Леобен, Штаерска, поради сомневање дека подготвувал терористички напад. Според локалните медиуми, тој пребарувал на интернет материјали поврзани со изработка на експлозивни направи и наводно развивал планови за напад врз институции.

Надлежните соопштија дека осомничениот е симпатизер на Исламска држава и оти неговите активности биле оценети како сериозна безбедносна закана. Апсењето е извршено во неделата, откако се вратил со семејството од патување во Македонија, а акцијата следела по наредба од обвинителството, добиена врз основа на оперативни информации.

Иако тврдел дека немал намера да изврши напад, властите истакнуваат дека тој веќе бил евидентиран од безбедносните служби.

Случајот го отвори прашањето за радикализација кај младите, а потсетува и на сличен инцидент од минатата година, кога 19-годишен Австриец, исто така со македонско потекло, беше приведен поради сомневање за подготовка на напад на концерт на Тејлор Свифт.

error: Содржината е заштитена од копирање !!