Потрага по 16-годишно девојче кое исчезнало во реката Вардар кај Уланци, една жена спасена
24/07/2025 18:42
Денеска околу 16:42 часот, во реката Вардар кај селото Уланци, Општина Градско, биле пријавени две потонати женски лица на возраст од 16 и 26 години.
Пријавата ја поднела сестрата на 16-годишното девојче, која во видно вознемирена состојба побарала помош. Подоцна, информацијата била потврдена и од доктор на ИМП Велес, кој побарал ангажирање на спасувачки екипи.
Центарот за управување со кризи веднаш ги алармирал сите надлежни институции, а на терен интервенира екипа на МВР со чамец. Според најновите информации, 26-годишната жена е пронајдена жива, додека потрагата по 16-годишното девојче сè уште трае.






