По скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ за време на Шкендија-Карабах, Гаши вели ако се случило го осудува, но им честита за навивањето
06/08/2025 12:09
Националната арена „Тодор Проевски“ синоќа беше сведок на скандирања кои малку имаат врска со спортот, а многу со политиката. Навивачите на Шкендија, наместо да ја поддржат својата екипа во дуелот со Карабах, упорно извикнуваа „Илирида“ и „Голема Албанија“ – пароли кои со години ja разгоруваат меѓу националната нетрпеливост. Сите апели за фер и спортско навивање останаа глуви во бучавата од трибините.
Ситуацијата станува уште посимптоматична ако се земе предвид дека на натпреварот беа присутни високи владини и опозициски функционери – од вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за економија Дурмиши, до Али Ахмети и Арбен Таравари, кои исто како Мицкоски во Куманово, не слушнале што се скандира.

На прашање за став на Гаши, потсетувајќи дека неодамна ги осуди националистичките извикувања на навивачите од Куманово. Овој пат, пак, изјави дека „не слушнал ништо“ од скандирањата, но ако се случиле – ги осудува. Интересно, веднаш потоа на Фејсбук им честита на навивачите на Шкендија за „достоинствениот пример на националните вредности“, уверувајќи дека со оптимизам го чека реваншот.





