Индија, технолошки чипови и Apple – нови цели на економската офанзива

Од синоќа стапија на сила царините на Трамп. Во дополнителен чекор, на 6 август Трамп најави царини од 50 проценти за Индија, кои ќе стапат на сила на 27 август доколку таа не прекине со купување руска нафта. Исто така, најави можност за воведување на 100-процентни царини за компјутерски чипови произведени во странство, со цел да ги мотивира технолошките компании да вложуваат во американско производство.

Како одговор, компанијата Apple веќе најави нова инвестиција од 100 милијарди долари во САД, прифаќајќи го притисокот од Белата куќа да го врати дел од производството дома.

Балканот под удар: Србија најпогодена, Македонија со царини како Словенија и Хрватска

Меѓу најпогодените земји се Лаос и Мјанмар со царини од 40 проценти, но и Србија со 35 проценти. Босна и Херцеговина ќе се соочи со царини од 30 проценти, додека Македонија ќе има исти царини како и члените на ЕУ, Хрватска и Словенија. Царината за нас ќе биде 15 отсто, идентично како остатокот од европскиот блок.

Бугарија, Романија, Грција и Унгарија исто така се вклучени во овој режим на царинење.

Од регионот, најниски царини ќе плаќаат Црна Гора, Косово и Албанија – само 10 проценти. Неколку големи економии, како Велика Британија, Јапонија и Јужна Кореја, веќе имаат договорено поповолни услови со САД. Европската Унија постигна рамковен договор со Вашингтон, прифаќајќи царини од 15 проценти за извоз на стоки.