АКЦИЈА НА МРВ ВО ТЕТОВО И ЖЕЛИНО: Затекнати Бразилки, Колумбијки, Русинки, Аргентинки
10/08/2025 12:37
Во ноќта меѓу 9 и 10 август 2025 година, во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе – Скопје, спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти.
Едниот објект се наоѓал во село Желино и е во сопственост на Ј.Ф. (48) од Желино, а другиот во Тетово, каде како управител е пријавен И.А. (22) од Тетово.
При контролата биле затекнати 30 жени од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија, за кои било утврдено дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на пријавената цел.
Сите приведени биле задржани во полициската станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против странските државјанки, сопственикот и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.






