Пијан возач во Македонска Каменица удрил во девојче и избегал
13/08/2025 12:02
Доцна синоќа, во 2:10 часот на ул. „Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници го уапсија Г.А. (51) од Македонска Каменица.
Тој се сомничи дека околу 23:00 часот на 12.08.2025 со патничко возило Mercedes со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото.
Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.





