Неофицијално: Игор Никоски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода
14/08/2025 22:59
Од неофицијални извори МКИНФОРМЕР дознава дека на денешниот состанок на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е донесена одлука, Директор на Управата за животна средина Игор Никоски, да биде кандидат за Градоначалник на Општина Кисела Вода.
Ова е дел од неговата биографија.
Игор Никоски e роден 25.02.1978 год. во Скопје. Средно училиште завршува во Браќа Миладиновци. Оженет, татко на 2 деца.
Образование, Високо
Обуки и усовршување, Семинари за управување со отпад
Членство во стручно-научни здруженија Комисија за земјоделство и Комисија за животна средина
Мајчин јазик, Македонски,
Познавање на странски јазици, Англиски и Германски
Работно искуство 18 години раководител во службата за инспекциски работи при Општина Кисела Вода.






