Најголемиот мост во светот: Кинескиот гигант ја преполови планината и стана атракција пред отворањето /видео/
18/08/2025 21:38
Во кинеската покраина Гуиџоу до крајот на септември ќе биде пуштен во употреба мостот Хуаџијанг, кој со своите 625 метри над реката Бејпан ќе стане највисокиот мост во светот.
Мостот е долг 2.880 метри, со главен распон од 1.420 метри и челична конструкција тешка над 22.000 тони. Изградбата траеше нешто повеќе од три години и ги поврза градовите Лиужи и Анлонг, значително скратувајќи го преминот преку кањонот од речиси два часа на само две минути.
Хуаџијанг ќе биде и нова туристичка атракција – со стаклен лифт, панорамски платформи, бар за набљудување ѕвезди и можност за банџи скокање. Проектот започна во 2022 година, а туристичките содржини ќе се отвораат во фази.






