MKinformer

your daily dose of news

Србија воведува ограничување на трговската маржа за да се намалат цените на прехранбените производи

27/08/2025 17:56

Владата на Србија утре ќе усвои уредба за ограничување на трговската маржа на 20 проценти, со што, според најавите, од понеделник ќе се намалат цените на најмалку 3.000 прехранбени производи, пренесуваат српските медиуми.

По средбата со претставници на трговците на големо и на мало во Стопанската комора на Србија, министерот за финансии Синиша Мали изјави дека оваа мерка ќе опфати значително повеќе производи отколку што првично беше најавено.

„Не станува збор само за 3.000 производи од 23 категории, туку некои поголеми малопродажни синџири ќе имаат многу повеќе производи. Очекуваме да има до 10, 12 или дури 20.000 производи, со што ќе го исполниме ветувањето на претседателот Александар Вучиќ дека попустот ќе се однесува на најголемиот можен број артикли кои директно влијаат врз животниот стандард на српските граѓани,“ рече Мали.

Министерката за внатрешна и надворешна трговија, Јагода Лазаревиќ, истакна дека разговорот со трговците не бил лесен, но бил конструктивен, додавајќи дека најавеното ограничување на маржите останува.

error: Содржината е заштитена од копирање !!