MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Пожар кај „Борис Трајковски“: 9 полицајци завршија на токсикологија

30/08/2025 21:30

Денеска, 30 август 2025 година, околу 16 часот во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје избувна пожар. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници кои биле ангажирани за обезбедување на меѓународниот ракометен турнир, заедно со екипи од противпожарната заштита, спречено е огнот да се прошири кон моторни возила, околните објекти и лизгалиштето кое е дел од спортскиот комплекс.

Навремено е извршена и евакуација на сите учесници на турнирот, спортските работници и присутната публика, со што е избегната поголема трагедија.

Како последица на интервенцијата, девет полициски службеници поради вдишување чад се префрлени на Одделот за токсикологија каде им е обезбедена кислородна поддршка. Нивната здравствена состојба е стабилна.

error: Содржината е заштитена од копирање !!