MKinformer

your daily dose of news

ЗНАМ со двајца кандидати за градоначалници: Димитриевски за Куманово и Лабудовиќ за Центар

06/09/2025 8:01

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија на денешна прес-конференција ги соопшти одлуките на Извршниот и Централниот одбор во пресрет на локалните избори.

ЗНАМ ќе настапи самостојно со свои листи за советници во повеќе од 50 општини, додека во делот на градоначалничките кандидати е постигната соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Според одлуката, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и во тие општини нема да има свои кандидати, додека ЗНАМ ќе даде поддршка за градоначалничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучително и за град Скопје.

За кандидат за градоначалник на Куманово едногласно е избран актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, додека за градоначалник на Општина Центар е номиниран Мирослав Лабудовиќ, претседател на Градската организација Скопје на ЗНАМ и актуелен заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, изјави дека ваквата соработка ќе обезбеди посилна поддршка и поголема предвидливост во локалната изборна трка.

error: Содржината е заштитена од копирање !!