MKinformer

your daily dose of news

Орце Ѓорѓиевски во „Проверитас“: Вардар е бренд на Скопје и ќе добие силна поддршка

06/09/2025 15:53

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Проверитас“, каде што зборуваше за спортскиот брендот на градот, Вардар.

Тој најави дека неговата програма предвидува системска и финансиска поддршка за спортскиот симбол на градот, но и лична поддршка преку присуство на трибините секогаш кога ќе има можност, со што испраќа јасна порака дека ќе биде и партнер и навивач на Вардар.

„Вардар е брендот на градот во кое што  јас ќе имам сериозни вложувања и поддршка како градоначалник, и за фудбалскиот клуб и за ракометниот клуб. Нешто на кое што сериозно ќе се посветам. Без разлика кој сум и сум што сум за мене Вардар е посебна емоција и кога можам секогаш ќе бидам присутен на нивните натпревари да ги бодрам.“ -истакна Ѓорѓиевски.

Со оваа порака, Ѓорѓиевски испрати јасен сигнал дека спортот ќе биде еден од неговите приоритети во идното работење, а Вардар – како симбол на скопскиот и македонскиот спорт – ќе добие поддршка што ќе ја врати гордоста на клубот и навивачите.


 

error: Содржината е заштитена од копирање !!