(Видео)Масовен руски напад врз Украина: погодени Киев, Одеса и Криви Рих
07/09/2025 9:10
Русија изврши масовен напад со стотици беспилотни летала и ракети врз украинските градови во текот на ноќта, при што најтешко беше погоден главниот град Киев. Според „The Kiev Independent“, во нападите загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едногодишно дете, а 17 лица беа повредени, вклучувајќи и бремена жена.
👉 Во Киев, остатоците од дронови погодија станбени згради во населбите Свјатошински и Дарницки, што предизвика пожари. Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека најмалку пет лица се хоспитализирани.
👉 Во Криви Рих, беа оштетени десетина згради, образовна институција и локални бизниси, со најмалку три хоспитализирани лица.
👉 Во Одеса, нападите погодија цивилна инфраструктура и станбени згради, предизвикувајќи пожари.
👉 Во Запорожје беше погодена индустриска работилница, но без жртви.
👉 Во Кременчук (Полтавски регион) беа погодени приватна компанија и семеен дом. Експлозии се пријавени и во Харков и Дњепарк.
Воздушна тревога беше прогласена во сите региони на Украина, а нападите стигнаа и до западниот дел на земјата, близу границата со Полска. Полските вооружени сили соопштија дека нивните и сојузничките авиони се активирани за обезбедување на воздушниот простор, додека системите за воздушна одбрана се во највисока готовност.
Нападите доаѓаат во момент кога мировните преговори се заглавени. Владимир Путин инсистира средбата со Володимир Зеленски да се одржи во Москва, додека украинскиот лидер категорично одбива, повикувајќи го Путин да дојде во Киев.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата е „малку веројатна“, додека германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека таа „очигледно нема да се одржи“.
The premises of the Cabinet of Ministers damaged pic.twitter.com/mygZ42G7VY
— Ілона Хаск (@ilonahusk) September 7, 2025



