MKinformer

your daily dose of news

Ангелов објсни: Цело Скопје смрди затоа што ветрот сменил правец и дува од Дрисла кон Скопје

11/09/2025 11:25

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, објасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

И вечерва но и во текот продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла. Активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро.

За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, за што дополнително ќе информирам утре претпладне. – вели Ангелов.

error: Содржината е заштитена од копирање !!