MKinformer

your daily dose of news

Политички циркус во Советот на Град Скопје, градот гори, а тие си играат навредени!

15/09/2025 14:16

Скопје повторно гори, депониите Вардариште и Дрисла, па и Трубарево, станаа извори на чад и отров. Но, советниците на ВМРО-ДПМНЕ решија дека тоа не е важно. Важно е што градоначалничката Данела Арсовска не била присутна на седницата.

Ете ти трагикомедија, додека народот се гуши, тие си ги мерат егата.

Страшо Ангеловски, претседавачот, наместо да ја води седницата, реши да игра улога на „навреде на дама“, си стана и си замина. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да покажат грам зрелост и да продолжат со работа, одбраа класичен и проверен рецепт: БЛОКАДА. Така функционира нивната математика, подобро да пропадне цела седница и да изгори цел град, отколку да се решаваат проблемите на граѓаните.

И токму кога зборуваше Александар Трајановски од ГРОМ, оп … магично се „расипа“ преносот.
Изговор: техничка грешка.
Вистина: евтин трик за цензура.
Да не беше трагично, ќе беше смешно. Очигледно во Советот, кога нема аргументи, секогаш има кабли за „самоисклучување“, да потсетиме дека советникот Трајановски се кандидираше за Градоначалник на Град Скопје, на изборите кои следат.

Скопјани добија уште една бесплатна претстава, циркус без билет, каде што циркузантите се нарекуваат советници, а циркуска арена е Советот на Град Скопје. Само што оваа претстава нема комедија, туку има чад, отров, несериозност и неодговорност.

Градот се гуши, депониите се палат, а во Советот се игра политика.

А граѓаните?  Е тие остануваат заложници на најевтината, најбедна и најштетна циркуска група, политичките кловнови од ВМРО-ДПМНЕ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!