MKinformer

your daily dose of news

Делови од Центар и Чаир без вода денес

16/09/2025 8:55

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“, информира дека денеска делови од општините Чаир и Центар ќе останат без вода поради изведување на водоводни приклучоци.

  • Во Чаир, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе биде прекинато водоснабдувањето на улиците: „Бајрам Шабани“, „Челопек“, „Чаирска“, „Јајце“ и „Ордан Чопела“. Причина е приклучување на нова водоводна мрежа со пречник од ФИ-200 мм на ул. „Бајрам Шабани“ бр. 7.

  • Во Центар, од 8:00 часот до завршување на интервенцијата, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Коле Неделковски“ и „Киро Крстевски-Платник“, поради приклучување на водоводна мрежа со пречник од ФИ-80 мм на ул. „Коле Неделковски“ бр. 59.

Граѓаните се советуваат да обезбедат потребни резерви на вода за овој период.

error: Содржината е заштитена од копирање !!