MKinformer

your daily dose of news

Делови од Центар и Тафталиџе денеска без вода поради дефекти на мрежата

29/04/2026 7:20

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисници од повеќе улици во Скопје, информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Без вода од 9 часот ќе останат дел од корисниците на булевар „Партизански Одреди“, на потегот кај пазарот „Буњаковец“. Прекин ќе има и на делови од улиците „Дебарца“, „Мирослав Крлежа“, „Коле Неделковски“, „Антоние Грубишиќ“, „Отон Жупанчиќ“ и „Радњанска“, како и во ООУ „Коле Неделковски“.

Причина за прекинот е уличен дефект со профил Ф-80 милиметри на булевар „Партизански Одреди“ 18б. Од претпријатието велат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата.

Дополнително, од 10 часот без вода ќе останат и дел од корисниците на улиците „Багдатска“ и „Атинска“ во населбата Тафталиџе.

Таму причината е уличен приклучок на улицата „Багдатска“. И во овој случај, водоснабдувањето ќе биде обновено по завршување на интервенцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!