ДИК го заклучи избирачкиот список: 1.832.415 граѓани со право на глас на локалните избори
26/09/2025 13:58
Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи избирачкиот список за претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Според официјалните податоци, вкупно 1.832.415 граѓани имаат право да гласаат.
Од вкупниот број, 112.000 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 2.162 се во притвор или издржуваат затворска казна, а 450 се жители на домови за стари лица. Во државата се регистрирани 3.480 избирачки места, од кои 132 имаат помалку од десет избирачи. За нив, гласањето ќе се спроведе на најблиското избирачко место.
На денешната седница, ДИК со ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче. Партиите и коалициите ќе бидат на првите девет места, вонпарламентарните партии од 10 до 33, а независните кандидати од 34 до 153.
За повеќе информации и детали, посетете ја официјалната веб-страница на ДИК.




