MKinformer

your daily dose of news

Трајановски најавува поголем буџет, ред во сообраќајот и подобар јавен превоз за Град Скопје во интервју за Press24

29/09/2025 17:05

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ и коалицијата „Искуство за успех“, во интервју за Press24 ги претстави своите приоритети за развој на градот. Тој нагласи дека Скопје се соочува со децениска деструкција на инфраструктурата и дека е неопходен поголем буџет за реализација на сите планирани проекти.

Трајановски истакна дека јавниот градски превоз е еден од клучните проблеми на градот. Според него, Скопје не може да чека, особено со оглед на заостанатоста на ЈСП, и е потребно да се реализира проектот БРТ со средства од ЕБОР, кој пет години е блокиран поради политички пресметки меѓу партиите.

Кандидатот најави и воведување ред во сообраќајот, изградба на нови патишта, паркинг-простори и подобрување на јавниот превоз, како и децентрализација на ингеренциите на градските општини за побрзо и ефикасно решавање на проблемите на граѓаните.

„Со овие мерки, Скопје ќе се развива рамномерно и ќе обезбеди подобар живот за сите свои жители“, нагласи Трајановски, додавајќи дека е време политичките игри да се остават на страна, а интересите на граѓаните да бидат приоритет.

error: Содржината е заштитена од копирање !!