Општините влегуваат во изборната трка со милионски долгови
02/10/2025 15:47
Дури 22 општини во земјава се рангирани во 100-те најзадолжени субјекти, како на локално, така и на централно ниво. Според податоците од Министерството за финансии, овие општини влегуваат во изборната кампања со доспеани, а неплатени обврски во износ од 64,7 милиони евра, што претставува зголемување во однос на претходните квартали и години
Меѓу најзадолжените општини се Гостивар, Тетово и Град Скопје, со долгови од 11,3 милиони евра, 9,5 милиони евра и 5,5 милиони евра. Покрај нив, со долгови над милион евра се и општините Кавадарци, Делчево, Желино, Струмица, Карпош, Василево, Струга, Врапчиште, Кисела Вода, Охрид и Сарај.
Експертите укажуваат на потребата од зголемена одговорност и транспарентност во трошењето на јавните средства на локално ниво. Според професорот Абил Бауш, за успешна децентрализација е неопходно постоење на независни механизми за надзор и активна вклученост на граѓаните. Тој нагласува дека политичката култура на неказнивост овозможува градоначалниците да останат на функција и покрај сериозни пропусти, што ја поткопува довербата во локалната власт.
Во контекст на изборната кампања, аналитичарите истакнуваат дека се промовираат проекти без детални урбанистички планови и се најавуваат инвестиции со заеми, што дополнително ја зголемува финансиската нестабилност на општините. Тие предупредуваат дека без вистинска рамнотежа помеѓу автономијата и одговорноста, децентрализацијата може да значи само ширење на локалната моќ без контрола.




![Починале 27 лица, 1.861 нов случаj на ковид во Македонија infektivna-klinika-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/infektivna-klinika-11.jpg)
