Во битката за Град Скопје, Трајановски со порака до Ѓорѓиевски: Орце брат, ти дојди на дебата!
03/10/2025 19:07
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за Успех“, Александар Трајановски, упати јавна покана до својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, за учество во дебата посветена на иднината на главниот град.
Преку објава на својот профил на Фејсбук, Трајановски му порача:
„Орце брат, ти дојди на дебата. Со спотериве цело Скопје знае дека си договорен.“
Со хаштагот #дебатазаскопје #скопје, Трајановски порача дека граѓаните очекуваат директно соочување на идеите и програмите на кандидатите, а не само предизборни видеа и спотови.






