MKinformer

your daily dose of news

Студено утро, сончев ден, вечерта облаци и локален дожд

05/10/2025 8:21

Утрово во земјава владее студено време, со минимални температури од -2 до 5 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста постепено ќе се зголемува. Во ноќните часови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 20 степени.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со умерена облачност. Кон вечерните часови се очекува зголемување на облачноста и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 1 степен, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта кон понеделник и во првите денови од наредната седмица ќе има повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бидат пониски од просекот за овој период од годината.

Од четврток се очекува постепен пораст на дневните температури и стабилизирање на времето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!