MKinformer

your daily dose of news

Студено утро, сончев и релативно топол ден со температура до 26 степени

01/10/2026 7:45

Студено утро и сончев ден нè очекуваат денеска, со пониски утрински температури и релативно топло време во текот на денот.

Утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот времето ќе биде сончево.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 1 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје до 25 степени

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Следува стабилен период

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, во наредниот период ќе преовладува стабилно време.

Утрата ќе бидат ведри и студени.

На некои места минималните температури ќе се спуштат и под нула степени.

Во текот на денот, пак, ќе биде сончево и релативно топло.

Студено утро и сончев ден ќе останат главни карактеристики на времето и во следниот период.

error: Содржината е заштитена од копирање !!