Трајановски со визија за жив и современ ГТЦ во срцето на Скопје
07/10/2025 20:25
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски, најави амбициозен план за ревитализација на Градскиот трговски центар, еден од најпрепознатливите симболи на главниот град. Во својата најнова објава, Трајановски посочува дека денешниот ГТЦ, кој некогаш бил гордост на Скопје, е запуштен, нефункционален и препуштен на забот на времето.
„Празни локали, нефункционални системи и никаква визија, таму каде што Скопјани некогаш се среќаваа, денес владеат тишина и заборав“, вели Трајановски, потенцирајќи дека токму тука треба да започне обновата на урбаното Скопје.
Во својот предлог, тој најавува целосна трансформација на ГТЦ во современ центар на градскиот живот, место каде што ќе се сместат дел од градската администрација, како и простор за младите, културата и креативните индустрии. Новиот ГТЦ, според него, ќе стане жив организам со галерии, ателјеа, музички и уметнички зони, кои ќе му го вратат духот на Скопје.
„Повеќе резултати, помалку изговори“, порача Трајановски, охрабрувајќи ги граѓаните да заокружат број 1 и да поддржат визија што ќе го врати сјајот на градот.




