MKinformer

your daily dose of news

Кандидатката за Битола, Габриела Илиевска, со камион на средби со граѓаните

08/10/2025 17:48

Кандидатката за градоначалник на Општина Битола, Габриела Илиевска, објави видеопорака на „Фејсбук“ во која со прашањето „Кој рече дека жените не можат да возат камион, да водат град и да ги решаваат неговите проблеми?“ испрати јасна порака за женското лидерство и решителност.

Во видеото, Илиевска најавува дека започнува кампања за „враќање на Битола“ и дека ќе се сретне со граѓаните на секоја улица, во сите населени места и села, за лично да ги слушне нивните потреби и предлози.

Таа во моментов е кандидатка на граѓанската иницијатива Поинаку, а во актуелниот советнички состав ја извршува функцијата претседателка на Советот на Општина Битола.

error: Содржината е заштитена од копирање !!