Нов влажен и постуден бран пристигнува од среда, дожд и пад на температурите низ земјата
13/10/2025 9:26
Од среда, 15 октомври, Република Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран кој ќе се движи од исток и североисток. Според метеоролошките најави, овој бран ќе донесе зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата, кои повремено и локално ќе бидат поинтензивни.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец, што дополнително ќе придонесе за чувството на постудено време.
Во Скопје и околината, исто така, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, проследени со слаб до умерен северен ветер.
Температурите ќе останат под сезонскиот просек – утринските ќе се движат меѓу 5 и 11 степени, а дневните од 11 до 17 степени Целзиусови.





