MKinformer

your daily dose of news

Трајановски: „Ред, надзор и јасна одговорност, тоа му треба на Скопје“

15/10/2025 23:16

Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата ГРОМ, Александар Трајановски, преку објава на својата официјална страница на Фејсбук, ја истакна потребата од системско решение за проблемот со дивоградбите во главниот град.

„Дивоградби има насекаде низ Скопје. Не постои општина што е исклучок – и Кисела Вода и Чаир немаат јасни податоци за бројот на издадени дозволи за градба“, нагласи Трајановски, додавајќи дека ваквата состојба бара јасна институционална одговорност и централизирана контрола.

Како дел од својата програма, Трајановски најави дека ќе ја направи прераспределбата на ингеренциите, со што Градежниот инспекторат ќе премине под надлежност на Град Скопје. Овој потег, според него, ќе овозможи поефикасен надзор, засилени капацитети и вистинска одговорност за секој изграден или незаконски подигнат објект.

„Ред, надзор и јасна одговорност, тоа му треба на Скопје. Повеќе резултати, помалку изговори“, порача Трајановски, нагласувајќи дека со оваа мерка конечно ќе се воспостави ред во урбанистичкиот хаос што со години го загрозува развојот на градот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!