MKinformer

your daily dose of news

Не, не се бетонизира, „хумано“ се гради: Речиси 40% повеќе дозволи за градба во споредба со лани

13/08/2026 16:07

Во јуни годинава се издадени повеќе дозволи за градба. Поточно 296 одобренија за градење во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Тоа претставува раст од 39 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Со други зборови, издадени се речиси 40 проценти повеќе дозволи за градба од лани.

Над 6,3 милијарди денари предвидена вредност

Според издадените одобренија, предвидената вредност на објектите изнесува 6,363 милијарди денари.

И тука е забележан значителен годишен раст.

Вредноста е за 31 процент повисока во споредба со јуни минатата година.

Најмногу одобренија за градење биле издадени во Полошкиот регион – вкупно 70.

Две третини од дозволите се за високоградба

Од вкупно 296 издадени одобренија, 200 се однесуваат на објекти од високоградба.

Тоа претставува 67,6 проценти од сите издадени дозволи.

За објекти од нискоградба биле издадени 26 одобренија, или 8,8 проценти.

Дополнителни 70 одобренија се однесуваат на реконструкција.

Физичките лица доминираат како инвеститори

Кај 218 од предвидените објекти како инвеститори се јавуваат физички лица.

Тоа е 73,6 проценти од вкупниот број.

Деловните субјекти се инвеститори кај останатите 78 објекти.

Ќе се градат 754 станови

Само врз основа на одобренијата издадени во јуни е предвидена изградба на 754 станови.

Нивната вкупна корисна површина треба да изнесува 64.266 квадратни метри.

Официјалните статистички податоци така покажуваат значително засилување на градежната активност.

Во јуни се издадени речиси 40 проценти повеќе дозволи за градба во споредба со истиот период лани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!