Нестабилно време со локални врнежи и умерен северен ветер
15/10/2025 9:29
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекуваат услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 3 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 13 и 19 степени.
Во Скопје, денот ќе биде сличен — променливо облачно со повремени сончеви периоди и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Според најавите на метеоролозите, во наредните денови под влијание на влажни воздушни бранови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток кон крајот на денот, како и во текот на ноќта и петок.






