MKinformer

your daily dose of news

Временска прогноза: Променливо облачно време со локален дожд

23/03/2026 9:59

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови на повеќе места се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурите ќе се движат во вообичаени рамки за овој период. Минималната температура ќе биде од -2 до 5 степени, а максималната дневна ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Следува кратка стабилизација, па нова промена

Според прогнозата, во вторник и среда ќе преовладува стабилно време.

Но, веќе во четврток се очекува значителна промена, кога ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, со брзина и над 60 километри на час. Кон крајот на денот, под влијание на влажен бран, на повеќе места повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Во петок, врнежите локално ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!