MKinformer

your daily dose of news

Кандидатот од „втор ред“ со остра порака: Скопје ќе го чистат истите што го извалкаа

20/10/2025 11:34

Добро утро Скопје! Ако до сега се боревме да нема поделби во нашето општество особено граѓани од прв, втор или друг ред, да знаете дека не сме успеале во борбата. Напротив, на овие Локални Избори така беше подредена и понудата за вашиот глас. Имавме кандидати од прв ред и кандидати од втор ред. Ние кандидатите од втор ред бевме принудени и приморани да се бориме за секој сантим простор и во градот и медиумите. Затоа овие избори за Скопје останаа без суштинска дебата и натпревар на идеи затоа што кандидатите од прв ред и нивните предлагачи не смеат да бидат посочени за виновници за состојбата во која се наоѓа градот, а всушност се. Скопје можеби ќе биде исчистено од ѓубре, но ќе го чистат оние кои што го извалкаа и ревносно се бореа да остане валкан додека не добијат апсолутна власт, а всушност беа власт во Советот на Град Скопје, во управните и надзорните одбори и секако во претпријатијата со нивните партиски вработени кадри. Освен ако не се освестиме во вториот круг од локалните избори за Скопје. Скопје ќе нема современ и редовен јавен превоз и после вториот круг од локалните избори затоа што некој ревносно се бореше тој да крахира, а тие што го направија проблемот не можат да бидат решение за истиот. И за крај, сакам да се заблагодарам на сите 3260 мои сограѓани што одлучија да го дадат својот глас за мене и препознаа вистинска понуда за решенијата на проблемите во градот. Овој резултат за мене е успех затоа што за прв пат имав прилика моите предлози и решенија да им ги понудам на граѓаните, а исто така и мотив и понатаму активно да се вложувам и борам за подобра иднина за сите.

Се вели во Фејсбук објавата на кандидатот за Градоначалник на Скопје, Александар Трајановски

error: Содржината е заштитена од копирање !!