Топло октомвриско изненадување: температури до 26 степени и повремени дождови
21/10/2025 9:13
Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на потопол воздух од југозапад, што ќе донесе значително потопло и променливо време. Од 24 до 27 октомври максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 26 степени, додека во Скопје и околината ќе надминуваат 20 степени.
Иако ќе преовладува топло време, повремено се очекува локален дожд и слаб до умерен јужен ветер. Метеоролозите предупредуваат и на неповолни биометеоролошки услови – особено кај метеопатите, кои може да почувствуваат здравствени тегоби поради наглите температурни промени.
Утрите ќе бидат потопли од вообичаеното за овој период од годината.





