MKinformer

your daily dose of news

2 дена по изборите: Дали по една година, се враќа проблемот со „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ во Ореовец,

22/10/2025 8:55

Жителите на прилепското село Ореовец утринава алармираа дека на патниот правец Прилеп – Градско има силно полициско присуство кое ги обезбедува камионите на компанијата „Бехтел и Енка“. Според нив, полицијата не дозволува собирање на граѓаните на местото каде што минатата година се одржа протест против ископот на варовник во близина на селото.
На прашање на Адвокатот Жарко кој ги испратил, полицијата одговара дека „онака си искочиле“

Мештаните тврдат дека активностите на теренот веќе предизвикале оштетувања на нивните домови, а дополнително се загрижени за можноста од загадување на изворите за пиење вода, од кои, како што велат, се снабдува и градот Прилеп. Од надлежните институции засега нема официјален коментар за присуството на полицијата и за текот на градежните работи.

Потсетуваме дека премиерот Христијан Мицкоски на 29 јули 2024 година, одговарајќи на новинарско прашање за протестите на жителите од прилепските села Ореовец, Крстец и Плетвар, изјави дека Владата ќе бара решение за проблемот со ископот на варовникот кој го изведува „Бехтел и Енка“.

– Тоа се проблеми наследени од минатото. Претходната влада презела обврска да ги реши имотно-правните односи до средината на минатата година, во спротивно, државата треба да плаќа по три милиони евра месечно пенали. До сега требаше 36 милиони евра само по тој основ. Сочувствувам со жителите и сакаме да помогнеме, но единственото можно решение е варовникот да се набавува од друго место, што ќе чини дополнителни 18 милиони евра, изјави тогаш Мицкоски.

Тој додаде дека мора да се најде издржано решение, бидејќи во спротивно земјата ризикува арбитражна постапка и финансиски последици.
– До вчера протестираа кај Гостивар, денеска во Прилеп. Свесни сме дека вакви реакции ќе има, но проектот мора да се реализира, бидејќи во спротивно ќе следуваат големи штети, нагласи премиерот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!