Драма во UFC: Хрватот Делија прво победи, па беше нокаутиран
02/11/2025 16:46
Хрватскиот ММА борец Анте Делија доживеа драматичен пораз во борбата против Валдо Кортез Акоста во рамки на престижната организација UFC – меч што ќе остане запаметен по неочекуван пресврт и контроверзна одлука.
Делија првично ја прослави победата, откако по само три и пол минути во првата рунда судијата ја прекина борбата поради серија силни удари врз неговиот противник. Но, славјето кратко траеше – по преглед на снимката во забавена верзија, супервизорите утврдија дека Делија пред серијата удари го погодил Кортез во окото со прст.
Борбата беше прекината, а Кортез доби пет минути за опоравување. По продолжувањето, Делија неволно влезе повторно во рингот, но само по половина минута беше нокаутиран од спектакуларен десен удар на Кортез.
Борбата веќе се оценува како една од најконтроверзните во поновата историја на UFC, а фановите и експертите расправаат дали одлуката за продолжување била исправна.
WALDO CORTES-ACOSTA OVERCOMES AN EYE POKE AND FINISHES ANTE DELIJA 🤯 #UFCVegas110 pic.twitter.com/mempUQjSvH
— Shy (@hiemszn) November 2, 2025






