MKinformer

your daily dose of news

Официјализирана и оставката на Ана Чупевска од потпретседателската функција во СДСМ

03/11/2025 11:23

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупевска, поднела оставка од својата функција за време на изборниот молк, непосредно пред одржувањето на вториот круг од локалните избори.
Во документот архивиран во партиската централа, Чупевска навела дека се повлекува поради суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата.

„Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ,“ стои во оставката објавена од ТВ24.

Оставката доаѓа во момент кога дел од раководството на СДСМ се соочува со внатрешни несогласувања и критики поради изборните резултати и слабиот рејтинг на партијата на локално ниво.

Иако од СДСМ сè уште нема официјална реакција, претседателот Венко Филипче вечерта потврди дека Чупевска ја поднела оставката, додавајќи дека ќе продолжи соработката со неа „на друг начин“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!